Деновите постепено ќе се продолжуваат: Вечерва доаѓа зимата, еве точно кога!

од Radmila Tasevska
168 прегледи

Зимата е најстудената сезона која започнува на 21 декември и завршува на 21 март.

Зимата настапува вечерва во 22:48 часот. Во исто време, летото започнува за жителите на јужната хемисфера на Земјата. Зимата доаѓа во моментот кога Сонцето е точно над тропскиот дел на другата хемисфера.

Тогаш денот е најкраток и се нарекува зимска краткоденица, додека ноќта е најдолга, а кругот околу Арктикот е во темнина 24 часа. Одредена хемисфера на Земјата (северна или јужна) е најмалку изложена на сончевите зраци, без оглед на оддалеченоста од Сонцето.

Од вечерва деновите постепено ќе се продолжуваат и до крајот на годината денот ќе биде подолг за три до четири минути. Зимата е најстудената сезона која започнува на 21 декември, а завршува на 21 март, во која деновите се пократки од ноќите, а природата е „заспана“ во согласност со ниските температури.

Слични содржини