Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Особено попладне наместа ќе има појава на нестабилност со обилен пороен дожд(над 30л/м2), грмежи и силен ветер (над 70 км/час), локално во форма на невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.
И во Скопје ќе има повремени врнежи од дожд, а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 20 степени.
Од петок, а особено за време на викендот поради спуштање на студена воздушна маса врнежите од дожд на планините и повисоките места ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка. Врнежите повремено ќе имаат обилен карактер, наместа над 40 л/м2 за краток период.