Денвер му го нанесе третиот последователен пораз на Милвоки (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Тимот на Милвоки кој има најдобар биланс во досегашниот дел од НБА лигата, влезе во серија порази. Бакс ноќеска загубија на гостувањето кај Денвер и го запишаа третиот последователен пораз.

Актуелниот шампион Торонто беше поуспешен од Јута, додека Атланта против Шарлот ја прекина серијата од три порази во низа.

Резултати на натпреварите од НБА одиграни ноќта понеделник кон вторник:
Атланта – Шарлот 143:138 (по две продолженија)
Денвер – Милвоки 109:95
Јута – Торонто 92:101.

Со ефект 53-12 (победи-порази) Милвоки е лидер во Источната конференција, додека Лос Анџелес лејкерс води на Запад со биланс 49-13.

 

Слични содржини