Деп на суд: Често се заклучував во бањата, вербалните навреди на Херд станаа насилни

од Vladimir Zorba
437 прегледи

Американскиот актер Џони Деп пред судот изјави дека неговата поранешна сопруга Амбер Херд била таа која покажала насилство по влошувањето на нивната врска. Тој сведочеше во тужбата за клевета што ја поднесе против актерката. Тужителот бара оштета во износ од 50 милиони американски долари. Случајот се води во Ферфакс, Вирџинија.

Во судницата, ѕвездата на Пиратите од Карибите изјави дека неговата поранешна партнерка истурала вербални навреди, кои понекогаш прераснувале во шамари или тепање. Актерот детално раскажа за почетокот на нивната врска, а потоа објасни како однесувањето на Херд се менувало со текот на времето.

„Ми изгледаше како чиста омраза“, рече тој. „Ако останав да се расправам, на крајот, бев сигурен дека тоа ќе прерасне во насилство, и тоа често се случуваше. Можеше да започне со шлаканица. Можеше да започне со удар. Можеше да започне со фрлање на далечинското на телевизорот во мојата глава. Можеше да ми фрли чаша вино во лице“, рече холивудската славна личност откако беше прашан за насилството на кое е подложен.

58-годишниот актер додаде дека се повлекол од слична ситуација така што се заклучил во бањата, но никогаш не ја удрил поранешната сопруга.

Ја тужи Амбер Херд (35) затоа што го клеветела, откако таа го обвини за насилство.

Џони Деп поднесе тужба против неговата поранешна сопруга, откако таа напиша напис во Вашингтон пост во 2018 година, во кој таа се претстави како јавна личност, жртва на семејно насилство – тема нашироко опфатена во публикацијата. Во него актерката не го споменува името на нејзиниот поранешен сопруг, но тој е на мислење дека написот индиректно го клевети, а се однесува на наводите за насилство што Херд ги изнесе во 2016 година.

Актерот негира дека ја малтретирал.

Слични содржини