Деп пукна од смеа по прашање за неговите гениталии (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Актерот Џони Деп и неговата поранешна сопруга Амбер Херд ја продолжија борбата во американскиот суд. Како нов сведок во случајот бил повикан Малколм Коноли, инаку телохранител на Деп.

Тој се осврна на времето поминато со Деп во Австралија во 2015 година, додека го снимаше „Пиратите од Карибите: Мртвите не кажуваат бајки“. Имено, Херд во тоа време живеела со Деп во Австралија.

Во морето од прашања, адвокатот на Амбер Херд го прашал Коноли дали тој посведочил дека Деп мокрел во фоајето на нивната резиденција во тоа време.

Тој тврди дека слушнал бучава, дека го видел Деп во фоајето на куќата, но дека не го видел како мокри.

„Господин Деп го извади својот пенис, нели?“, праша адвокатот потоа.

Деп не можеше да ја задржи реакцијата на тоа прашање, па пукна од смеење.

„Мислам дека ќе се сетев ако го видев пенисот на г-дин Деп“, рече тој.

Слични содржини