Проблем со чистењето на ѓубрето изгледа има и по институциите, не само по улиците на Скопје.
Главниот град изминативе недели изгледа како депонија, поради недоразбирањата на локалната со централната власт.
Сепак, од фотографии кои ни ги испратија вработени во зградата во поранешна Нова Македонија, каде се сместени многу институции, меѓу кои Министерство за администрација, Државната изборна комисија итн. се гледа дека се прават депонии и во самите институции.
Веројатно поради преполноста на контејнерите, трендот на „натрупување“ на ѓубре сега ќе се префрли во самите институции.
Фото: Локално