Депозитите во грчките банки достигнаа 11-годишен минимум, средбата на Ципрас со Меркел и Оланд без конкретни резултати

од desk3
114 прегледи

ципрас

Грците масовно ги повлекуваат парите од грчките банки дури и пред драматичните настани во последните две недели. Депозитите во грчките банки во мај опаднаа до најниско ниво за речиси 11 години – со речиси 3,7 милијарди евра до 135,7 милијарди евра (152 милијарди долари), покажуваат податоците на Европската централна банка (ЕЦБ).

Ројтерс објави повикувајќи се на извор дека Управниот одбор на ЕЦБ, дека банката одлучила да ја одржува програмата за итна ликвидна помош на грчките банки. Трет ден врвот не е менуван – 89 милијарди евра. Во последните недели ЕЦБ постепено ги зголемуваше парите за грчките банки.

Во меѓувреме во Брисел заврши состанокот меѓу премиерот Алексис Ципрас, германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Франсоа Оланд, јавија грчките медиуми.

За време на средбата било разговарано за текот на преговорите меѓу Грција и кредиторите.

Ципрас ги информирал двајцата лидери за грчкиот предлог и истакна дека грчката страна не го разбира инсистирањето на институциите на толку остри мерки.

Според дипломатски извори, преговорите ќе продолжат и по самитот на европските лидери.
Вчера доверителите и Атина повторно не постигнаа договор за доделување на така важната за Грција помош од 7,2 милијарди евра. “Фајненшл тајмс” објави, повикувајќи се на претставници на ЕУ дека се подготвуваат планови за Грција, во случај ако во саботата преговорите повторно не стигнат до успех, вклучувајќи и контрола врз капиталот.

Грчките банкари тврдат дека е незамисливо да не се постигне договор меѓу доверителите и Грција.

Претходно денеска министерот за финансии на Грција, Јанис Варуфакис изјави во интервју за ирското национално радио RTE дека Грција е решена да остане во еврозоната, но Атина нема да потпише договор кој се гледа како “некоректен”.

Јас сум против зголемување на корпоративниот данок, но исто така сум против зголемување на данокот за хотелите, како и против намалување на пензиите на луѓе кои живеат под прагот на сиромаштија, истакна тој.

Запрашан дали Грција се соочува со барања кои нема да прифати, тој одговори: “Апсолутно, апсолутно”.

Денес се одржува вториот ден од самитот на ЕУ.