Депресивниот Гвардиола ги загрижи сите со една изјава

од Nikola Popovski
25 прегледи

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше гостин на популарниот Јутјуб канал „Десмонтадито“ каде зборувал за новиот договор со Сити, неговите планови и заморот кој го чувствува од фудбалот.

Иако Пеп Гвардиола пред неколку недели потпиша нов двегодишен договор со Манчестер Сити, тој призна дека му е доста од се. На поткастот тој открил дека сака да остави се и да се посвети на голфот, за конечно да се одмори. Тој додал дека преземањето на друг клуб во блиска иднина не е опција.

„Сакам да го напуштам фудбалот и да одам да играм голф, но не можам. Ќе дојде време кога ќе почувствувам дека е доста и тогаш дефинитивно ќе престанам. Нема да водам друг тим“, изјавил Гвардиола и објаснил:

„Не зборувам за долгорочна иднина, но она што нема да го направам сега е да го напуштам Манчестер Сити и да одам во друга земја да го правам истото што го правам сега. Не би имал енергија за нов клуб. Сè уште сум тука и го правам тоа што сум, но помислата да почнам на друго место, со сите тренажни процеси и се што тоа носи… Не, не и не! Можеби би можел да преземам репрезентација, но и тоа е поинаку. Мислам дека една пауза добро би ми дошла…“

Гвардиола би сакал да научи и француски јазик.

„Сè уште сум млад и кога ќе престанам, има неколку работи што сакам да ги направам. Една од нив е да научам француски, слободното време да си го посветам на себе како би играл голф, а потоа да почнам да готвам едноставни работи“, открил Гвардиола, кој својот емотивен говор го заврши со признавањето дека е осамен:

„Почетната точка во решавањето на резултатските проблеми е останувањето со луѓето, но никој не може навистина да ја утеши осаменоста на еден фудбалски менаџер“, заклучил Гвардиола.

Слични содржини