Der Münchner Merkur: Политиколозите предвидуваат црно -жолта коалиција во Берлин

од Vladimir Zorba
66 прегледи

Предвидувањата на експертите покажуваат дека по изборите за федералниот парламент во Берлин, најверојатно ќе биде составена жолто-црна коалиција, пишува весникот Der Münchner Merkur.

Канцеларката Ангела Меркел (CDU) според пресметките на политиколози најверојатно по изборите ќе има мнозинство во Бундестагот и ќе формира црно-жолта унија.
Според политиколозите Томас Гшвенд од Универзитетот во Манхајм и Хелмут Норпт од Универзитетот “Стоун Брук”, шансите за коалиција меѓу Унијата (ХДС/ХСС) и Слободната демократска партија во Бундестагот се близу 50 отсто.

Не е исклучено и формирањето на нова голема коалиција по “Јамајканскиот” формат, кој ќе вклучува сојуз (ХДС/ХСС), СвДП и “Зелените”.
Факт е дека повеќето анкети на јавното мислење покажуваат дека Ангела Меркел може да очекува комфорна победа на претстојните избори за федерален парламент закажани за 24 септември. Според експертите, тоа се должи на поголемата нејзина популарност во споредба со лидерот на СПД Мартин Шулц.