Der Spiegel: Германските социјалдемократи ја повикаа ХДС да ја прекине блокадата за “Инџирлик„

од Vladimir Zorba
99 прегледи

По неуспехот на обидот за наоѓање компромис во спорот меѓу Берлин и Анкара за пристап на германска парламентарна делегација во НАТО база “Инџирлик”, партијата на министерот за надворешни работи на СРГ Зигмар Габриел го засилува притисокот за повлекување на војниците на Бундесвер од воздухопловната база во Турција , пишува весникот Der Spiegel.

“Сега, кога резултатот (од преговорите) е јасен, Унијата (ЦДУ / ЦСУ) треба да ја прекине блокадата, за да може при следните заседанија на Бундестагот да биде донесена одлука за повлекувањето на Бундесвер”, истакна портпаролот на парламентарната фракција на Германската социјалдемократска партија Нил Анен.
Претходно партијата на канцеларката Ангела Меркел повика на воздржаност и внимателност во однос на повлекувањето на германските војници од “Инџирлик”, потсетуваат од редакцијата.