Der Spiegel: Швајцарија подигна воени шатори за мигрантите бегалци

од Vladimir Zorba
78 прегледи

Се повеќе и повеќе бегалци аплицираат за азил во Швајцарија, но местата за сместување  се ретки, и властите во кантонот Ааргау биле принудени да распнат  шатори  за повеќе од 140 лица, баратели на азил, пишува германското издание Der Spiegel . Мерката сепак ќе биде привремена, веројатно само за летото.

0,,17538305_303,00

Војниците подигнале воени шатори во вкупно три општини во швајцарскиот кантон во кои од почетокот на следната недела ќе бидат сместени претежно мажи. Се поголемиот прилив на бегалци довел до пополнување на местата во привремените центри за сместување. Според Државниот секретаријат за миграција во Берн речиси 12 илјади бегалци побарале азил во Швајцарија во првата половина на 2015 година Податоците покажуваат зголемување за 16% на бројот, регистриран во текот на изминатата година, но и покрај тоа порастот е умерен во споредба со цела Европа .

До крајот на годината конфедерацијата очекува во земјата да пристигнат  29 илјади. бегалци. Претходниот сличен врв е регистриран во 1999 година, кога поради војната во Косово дошле 47 илјади луѓе кои побарале од Швајцарија заштита со посебен политички статус