Лидерите на ЕУ утре на средбата со турскиот пермиер Ахмет Давутоглу планираат да направат драматичен пресврт во политиката спрема бегалците и мигрантите и ќе најават затворање на балканската рута за бегалците, тврди австрискиот весник Дер Стандард.
Весникот ова го тврди, повикувајќи увид во содржината на нацрт- заклучоците од средбата на лидерите на 28 земји членки на ЕУ и турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Според нацртот, лидерите ветуваат дека ќе му се стави крај на нерегуларниот бран на бегалци на рутата на Западниот Балкан, а за да се ублажат последиците од ова затворање, ЕУ ќе го направи својот максимум за да и помогне на Грција. Во помошта влегува итна хуманитарна помош и безусловнатекс ќе испрати повеќе офицери во Грција на грчката граница со Македонија и Албанија. И НАТО влегува во борбата против шверцерите и бродовите на Алијансата веќе се наоѓаат во водите на Медитеранот.
Грција треба да овозможи функционирање на прифатните центри каде што бегалците ќе бидат проверени и подготвени за распределување во ЕУ.Мигранитте кои нема да ги исполнуваат условите ќе бидат вратени во Турција.
Според весникот, лидерите на ЕУ очекуваат конструктивност и од Турција.
Договорот со Турција, според весникот, ќе почне да се реализира од 1 јуни.