Дерала и „Фронтлајн“ демантираат дека спонзорирале лажни видеа против Николоски

од Vladimir Zorba
825 прегледи

Порталот „Фронтлајн“ и неговиот главен уредник, Џабир Дерала ја демантираа и осудија веста дека редакцијата спонзорира или дека има каква било поврзаност со видео во кое потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски е изваден од контекст.

„Ја осудуваме злоупотребата на телефонскиот редакциски  број на Фронтлајн и ја сметаме за крајно тенденциозна и манипулативна.  Ова е обид да се урне нашиот углед и кредибилитет, а клеветите ги отфрламе целосно и со индигнација. Очигледно е дека се работи за сатирично видео, како и тоа дека соговорникот на ТВ21, Николоски, е изваден од контекст, што исто така е за осуда“, реагираат оттаму.

Порталите Лидер, Вечер, Нетпрес, Експрес, Курир и други, како и Богдан Илиевски и  засегнатиот Николоски, вчера тврдеа дека лажна вест во целост, поткрепена со сечена и лажна изјава од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ е спонзорирана на Фејсбук.

Спонзорството, тврдат, го плаќал „Фронтлајн“.

Илиевски, автор на емисија на ТВ АЛФА, го објави видеото.

Слични содржини