Дерала: Одговорност за парите од странство кои беа инјектирани во изборниот процес

од Vladimir Zorba
934 прегледи

Џабир Дерала од грашанската организација ЦИВИЛ за Утрински Брифинг соопшти дека изборите биле слободни, фер и демократски, за што доказ е и изборната победа што ја однесе опозицијата на локално ниво.

„Ние како општество веќе навикнавме што значи да се одржат слободни и демократски избори. Изборите беа демократски и фер и тука нема збор. Но изборниот процес покажа нешто што ние со години го констатираме во нашите извештаи, а тоа е дека ние сме мета на хибриден напад. Исто така, видовме дека изборната администрација не функционира добро. Во неа има партиски кадри во Избирачките одбори или се необучени“ – рече Дерала.

Дерала сподели голем број забелешки меѓу кои и за фингерпринт апаратите.

„За жал, фингерпринтите се покажаа како многу скапа играчка која не функционираше како што треба. Во едно избирачко место, наш набљудувач на избирачко место во Кисела Вода изброја 70 гласачи, од кои само кај 19 функционираше фингерпринтот“ – оцени Дерала.

Тој воедно ја сподели констатацијата дека операцијата „фингерпринт апарати“ која чинеше 11 милиони евра пари на граѓанките и граѓаните, кои ги прават најскапите избори во историјата.

Исто така, Дерала посочи дека мора да има одговорност од институциите за откритијата за парите од странство кои беа инјектирани во изборниот процес.

Слични содржини