Изборите не претставуваат кластер за ширење на Коронавирусот, истото беше и на парламентарните избори кои изминатово лето беа организирани, смета претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.
Тој потенцира и дека иако овојпат состојбата е посериозна, претходното искуство нуди можност полесно да се организираат локалните избори во Штип и Пласница.
„Предвремените парламентарни избори 2020 година завршија на добар начин и покрај сите предизивици кои ги имавме сите кои бевме во организација, финалниот извештај на ОБСЕ го покажува тоа, кој го добивме пред неколку дена. Организацијата од страна на институциите беше одлично направена сите три дена, помина одлично и нормално со забелешката за објавувањето на резутатите, односно хакирањето на страната на ДИК. И покрај предизвиците од пандемијата тие избори на некој начин добро ги организиравме“, посочи Деркоски на денешната панел дискусија насловена како „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“ во организација на ЦИВИЛ.
Претседателот на ДИК вели дека предвремените локани избори во Штип и Пласница, имаат поддршка од локалните изборни комисии.
„Се покажа дека предвремените парламентарни избори што беа организирани летото, и покрај стравовите, не претставуваа кластер за ширење на вирусот, бидејќи беа преземени сите неопходни мерки за заштита“, истакна Дерковски.
Во Штип и Пласница, додаде Дерковски, имаме влошена здравствена состојба, но ги преземавме сите можни заштитни мерки за да не бидеме причинители за зголемување на бројките на заболени.