Десерт на денот: Колач од палачинки, полнет со чоколадо

од desk2
273 прегледи

Обичните палачинки со крем може да ги направите на поинаков начин, во поголема форма и со „побогат“ и неодолив вкус.

Наместо да мачкате палачинки со крем, направете си колач од палачинки, полнет со чоколаден фил и банани.

Тешко дека некој ќе успее да одолее на ова слатко задоволство кое ќе посакате да го јадете за појадок, ручек и вечера.

Палачинки со чоколадо и банани на нов начин за вистинските љубители кои сакаат да експериментираат:

Потребни состојки:
За палачинки:

170g брашно
100g нишесте
500ml млеко
9 јајца
2 пакетчиња ванилин шеќер
За фил:

100g шеќер
200g темно чоколадо
100g путер
2 банани
Начин на подготовка:
Измешајте во еден сад брашно, нишесте, млеко, 4 јајца и ванилин шеќер. Од смесата направете палачинки и наредете ги во калап за печење така што нема да има празен простор и добар дел од палачинките ќе виси од страните.

Во друг сад измешајте го шеќерот, останатите јајца, стопениот путерот и чоколадо. Дел од филот истурете врз палачинките насекаде, па наредете неколку исечкани банани. Потоа повторно прелијте од филот и пак додадете банани. Повторувајте додека има фил.

Крајните делови на палачинките кои висат од калапот преклопете ги одозгора една врз друга и печете 20 минути на 180˚С.

Исечете подебели парчиња од колачот и сервирајте со шлаг или сладолед.

Изгледајте ја целосната постапка за подготовка во видеото:

https://www.youtube.com/watch?v=51t2Eo1JC_c