Возењето велосипед на одмор –евтино, еколошко и популарно.
Мрежата на велосипедски патеки е проширена по цела Европа. Запознајте десет најомилени патеки на Германците.
Рајна
Од изворот на Рајна во Швајцарија до утоката во Северно море, преку Ротердам во Холандија . Патеката означена како „Еуро Вело 15 „ е долга 1230 километри и оди долж најпрометниот воден пат-ова е пристаништето во Келн.
Дунав
Патеката која велосипедистите во Германија најмногу ја користат. Долга е 2.850 километри , од изворот на Дунав во германскиот Донаушинген води се до делтата во романскиот град Тулќе. На таа патека, која поминува низ осум земји е и главниот град на Австрија, Виена.
Боденско езеро
Велосипедската патека Боденско езеро е една од најпопуларните во Европа. Долга е 260 километри и минува низ Германија, Австрија и Швајцарија. Урбаните знаменитости, како стариот град Констанца, ја надополнуваат убавината на природата.
Брегот на Северното море
Патеката е долга речиси 6.000 километри-оди од британските Шетландски острови до планините во Норвешка. На мрежата на Европското велосипедско здружение означена е со „Еуровело 12„.Германскиот дел од патеката во најголемиот дел оди преку насипот.
Адиџе
Оваа патека е долга 300 километри. Оди од Решен до Верона долж Адиџе. Најдолга река на италијанскиот дел на Јужниот Тирол се влева во Јадранското море. Велосипедскиот пат е добро направен и во најголемиот дел оди паралелно со Via Claudia Augusta.
Атлантик-Црно море
Патека долга 4.500 километри ретко кој ја преминува целата. Таа оди по долината на Лоара во Франција, се до Црното море во Романија. Источно-западната оска ги поврзува градовите Нант, Орлеан, Базел, Линц, Будимпешта и Букурешт.
Виа Клаудиа Аугуста
Од германскиот Донауверт па речиси до самата Венеција во Италија, во должина од 700 километри . Виа Клаудија Аугуста е стар римски трговски пат кој води преку Алпите. Тој проаѓа покрај езероте Решен во Јужниот Тирол каде од водата извира црковното ѕвоно на некогашната општина Алт-Граун.
Ин
Од швајцарската Молоја до германскиот Пасауа, патеката долга 530 километри, додека за совладување на алпските височини потребни се посилни листови, возењето станува полежерно во Баварија-ова е гратчето Милдорф на Ин.
Драва
Од Јужниот Тирол накај Словенија, 336 километри. Патеката оди од изворот на Драва во Доломитите-најголемиот дел вдолж реката –се до Марибор. Наредните години велосипедската патека би требало да биде прошрена до утоката на Драва во Дунав во Хрватска.
Елба
Од планинскиот ланец на Крконоша во Чешка до германскиот Куксхавен долга 1.220 километри ,долж Елба поминува низ културната метропола Дрезден(на фотографијата), па преку Магдебург и Хамбург оди се до Северното море.