Инспекторот за животна средна при општина Струмица извршил досега 19 контроли кај повеќе компании во Струмица за да се утврди дали и колку го загадуваат воздухот во градот. Посебни контрола се вршат и сè уште се вршат на инсталацијата која што служи за затоплување на работните простории, односно, дали притоа се користи отпад што е забрането согласно важечките законски прописи.

– Досега се извршени вкупно 19 контроли. Десет правни субјекти, најголем дел од текстилната и прехранбената индустрија, се задолжени во одреден рок да извршат мерења во соодветни и лиценцирани лабаратории за емисијата на штетни гасови во воздухот, по што повторно ќе бидат исконтролирани од страна на инспекторот за животна средина. Кај девет правни субјекти не се констатирани неправилности – информираше денеска Александар Оџаков, секретар на општина Струмица.
Тој додаде дека согласно овластувањата и надлежностите општина Струмица продолжува со контролите кај сите потенцијални загадувачи во градот.