Во пожар во ковид болница во турскиот град Газиантеп загинаа 10 лица, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа.
Пожарот е предизвикан од експлозија на боца со кислород во одделот за интензивна нега.
Другите пациенти беа испратени во други болници во областа.
„Многу сме тажни за овој трагичен настан“, рече министерот Коџа кога пристигна на местото на несреќата.
Локалните медиуми објавија слики од уништени единици за интензивна нега и изгорени кревети.
Досега се пријавени повеќе од два милиони случаи на коронавирус во Турција, а повеќе од 17.600 луѓе починале.