Министерството е во контакт со 10 наши државјани кои се наоѓаат во Украина, а сакаат да се евакуираат, информира денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи на брифинг со новинарите. Според Османи, граѓаните се во региони каде што нема хуманитарни коридори како Одеса и Херсон.
-Дел од нив се со семејства и украински државјани, но поради воената состојба, Украина им забрани на мажите на возраст од 18 до 60 години да ја напуштат земјата, рече Османи.
Министерот информира дека има влез и излез на Украинци во земјава, како и претходно, но дека тие не бараат посебен статус на бегалци.
-Официјално во моментов немаме бегалци што дошле преку границите, соопшти Османи.