Десет сантиметри снег на Попова Шапка на само неколку дена пред 1. мај

од Nikola Popovski

Промената на временските прилики и ниските температури изминатата ноќ резултираа со нова снежна покривка на скијачко-рекреативниот центар Попова Шапка.

Според информациите, ноќеска наврнале 10-20 сантиметри снег на Попова Шапка.

Ски-центарот уште на 19 март извести дека поради високите температури и немањето соодветни услови за скијање, официјално се затвора зимската сезона.

УХМР информира дека денеска времето ќе биде облачно и посвежо со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, особено претпладне во западните делови, каде на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег.

Фото: „Конак Попова Шапка“

Слични содржини