Десет загинати, повеќе од 50 повредени во пожар во Камбоџа

од Radmila Tasevska
172 прегледи

Најмалку 10 лица загинаа во пожар во казино хотелот „Гранд Дајмонд Сити“ во Камбоџа во градот Попет на границата со Тајланд, соопшти тајландската полиција.

Како што информираа од полицијата, пожарот што избувна синоќа околу полноќ по локално време сè уште гори, пренесува АП.

ТАСС јавува дека во пожарот се повредени 53 лица, а осум се водат како исчезнати.

Слични содржини