Најмалку 10 лица загинаа во пожар во казино хотелот „Гранд Дајмонд Сити“ во Камбоџа во градот Попет на границата со Тајланд, соопшти тајландската полиција.
Како што информираа од полицијата, пожарот што избувна синоќа околу полноќ по локално време сè уште гори, пренесува АП.
ТАСС јавува дека во пожарот се повредени 53 лица, а осум се водат како исчезнати.