Десетици илјади луѓе учествуваа на Парадата на гордоста во Будимпешта и покрај забраната од владата на Орбан

И покрај забраната што ја донесе унгарската влада предводена од премиерот Виктор Орбан, денеска десетици илјади луѓе се собраа во Будимпешта за 30-тото издание на Будимпештанската парада на гордоста.

од Марта Пешевска
10 прегледи

Организаторите очекуваа рекордна посетеност, и покрај полициската забрана која произлезе од измените на закони и уставот, со кои владата ги ограничува правата на ЛГБТ заедницата, оправдувајќи го тоа со „заштита на децата“.

Премиерот Орбан истакна дека полицијата нема да го растури настанот, но ги предупреди учесниците за „правните последици“ од нивното учество.

На маршот во Будимпешта учествуваа илјадници луѓе, меѓу кои и делегација од 200 лица од организацијата Amnesty International од цела Европа, која ја поддржува граѓанската непослушност како одговор на репресијата.

Слични содржини