Десетици балони на топол воздух го преполнија небото над Велика Британија и Франција

од Vladimir Zorba
164 прегледи

Целиот куп повеќебојни балони на топол воздух го исполнија небото меѓу Англија и Франција во обид да го подобри рекордот за најмногу топло-воздушни балони, го пресекуваат Ламанш. Според податоците на “БиБиСи” тие биле над 85.

“Временските услови беа совршени. Требаше да имаме силен и постојан ветер кој доаѓа од Лондон и оди право на континентот”, рече Стив Мабит – еден од организаторите на шарениот лет.

Од “Светските рекорди” сè уште не дале потврда дали ентузијастите успеале да го побијат претходниот рекорд од 2011 година, кога 49 балони го поминале заедно Ламанш.