Десетици илјади пред резиденцијата на Лукашенко (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba
179 прегледи

Десетици илјади демонстранти кои денеска се собраа во центарот на Минск, маршираат кон резиденцијата на претседателот Александар Лукашенко на нов протестен митинг.

Овој пат, демонстрантите одлучија да ја сменат трасата на нивниот традиционален неделен марш за да избегнат полициски кордони и да се приближат до резиденцијата, Палатата на независноста, од спротивната страна.

Засега тие се движат непречено, но за денес се ангажирани сериозни полициски сили, потсетува агенцијата.

Слични содржини