Десетици илјади се уште без струја во Шведска по новогодишната бура, противпожарните станици нудат засолниште

од desk2
144 прегледи

 

Десетици илјади луѓе во Шведска се уште се без електрична енергија во петок наутро откако првата овогодишна бура искина кабли за спроведување струја во многу делови на земјата.

Бурата „Алфрида“ најсилно ги погоди регионите Упсала и Стокхолм на источниот брег на земјата во средата.

Ветрови со брзина од 108 км/ч туркаа дрвја и изместуваа објекти како знаци и семафори, со што предзвикаа прекин на сообраќајот, а снема и струја.

Реќиси 100.000 домаќинства беа без струја, додека некои добија, некои се уште не. СПоред службите во петок наутро уште 20.000 семејства чекаат електрична енергија.

Службите с еобидуваат да ги поправат искинатите кабли, а на островите однесени се генератори со хеликоптери. Но двете фирми одговорни за електричната енергија велат дека некаде ќе треба и една недела за да се врати струјата.

Пожарните станици во областите кои најлошо се погодени во четврток и во петок им нудат засолниште на локалните жители. Од таму тие може да земат вода, да ги наполнат своите мобилни телефони или само да влезат и да се стоплат со кафе.

Доцна синоќа противпожарните станици во Нортеље, во градот Римбо, Халставик и Олмстад исто така понудија место за спиење за оние кои немаат топло место да ја поминат ноќта. Луѓето можеа и да се истужираат или да подгреат храна.