Десетти ден без смртни случаи во Кина

од Vladimir Zorba
129 прегледи

Кина веќе десетти ден по ред нема смртни случаи од коронавирус.

Властите во Пекинг објавија дека во претходните 24 часа се потврдени нови 12 заразени, од кои 11 се вратиле од странство.

Во кинеските болници има само 838 болни од коронавирус, а околу 1.000 сè уште се во изолација и надзор, бидејќи тие се или сомнителни случаи или тестирани позитивни, но немаат никакви симптоми.

Кина, од каде коронавирус почна да се шири ширум светот, објави дека тестирала позитивно 82.816 лица, од кои 4.632 починале.