„Пукна“ изненадување на грбот на светските шампиони. Унгарците им одземаа бод, иако Франција по две кола сè уште е предводник на групата Ф. Сепак, бидејќи тој сè уште е без постигнат гол, француската јавност веќе започна да се грижи за формата на Карим Бензема. Тој не ги искористи можностите против Германија и Унгарија, а неговото враќање меѓу „триколорите“ беше една од клучните теми пред Еврото.
Засега тој не е во можност да ги пренесе игрите од дресот на Реал Мадрид на теренот, но селекторот Дидие Дешамп не се сомнева во неговиот штитеник.
„Бензема е полн со искуство и не ми е гајле што тој сè уште не дал гол. Тој прави добри работи за тимот на теренот, единственото нешто што му недостасува е прецизност. Тој е свесен дека луѓето сакаат да го видат како постигнува голови, но јас веќе му реков и тој ја знае дека неговата игра не се сведува само на тоа. Точно е дека напаѓачите треба да постигнуваат голови, но засега е клучно тој да има самодоверба и да чувствува дека ја има мојата доверба“, рече Французинот по ремито со Унгарците.
Антоан Гризман е човекот кој му донесе бод на европскиот вицешампион, но Дешамп смета дека неговиот тим заслужил повеќе.
„Имавме квалитетни можности во првото полувреме и мислам дека требаше да имаме подобар резултат на полувремето. Атмосферата на стадионот и даде посебна енергија на Унгарија. Тие добро се бранеа, како и на поголемиот дел од мечот со Португалија“, заклучи Дешан.