Дескоска: Подобро е да имаме помалку, но квалитетни и професионални судии

од Aleksandar Todeski
423 прегледи

Не ме загрижува бавниот факт на пополнување на места во судството. Подобро е да имаме помалку, но квалитетни и професионални судии, рече министерката за правда, Рената Дескоска.

„Постојат бројни земји кои може да се следат за ветингот, тоа значи не само испитување на имотната состојба на судиите, туку и испитување на влијанието од разни лоби, бизнис, адвокатски или други групи во носење или неносење на одлуки и одложување на судски процеси, тоа објективно може да се види“, рече Дескоска.

Таа смета дека често пати судиите не остануваат во сериозен процес на ветинг, туку се откажуваат и си заминуваат уште пред почетокот.

„Ако почне сериозен процес на ветинг, често пати самите судии не се подложуваат, оние кои имаат дамки во сопственото портфолио, туку се повлекуваат“, рече Дескоска.

Таа истакна дека во Собранието нема постапка за измена на Кривичниот законик и дека дебатите се единствено во рамки на Уставниот суд.

„Во Собранието нема постапка за измена на Кривичниот законик, дебатите се во рамки на Уставен суд. Нивна обврска е да ценат Уставност, а не казнена политика дали е добра или не“, рече Дескоска.

А.Т.

Слични содржини