498
Видовме обид за злоупотреба на Законот за јазици од адвокатот на експремиерот Никола Груевски, рече министерката за правда, Рената Дескоска во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
Таа истакна дека целта е избегнување од правдата преку одолговлекување на судските процеси.
Во однос на извештајот на Венецијанската комисија, Дескоска истакна дека ќе се отвори процес на сериозна дебата за Законот за јазици и мислењето на Венецијанската комисија во рамките на Владата.
„Сметаме дека Венецијанската комисија е респектиран орган и тоа мислење го земаме сериозно како Влада. Сите забелешки на Венецијанската комисија треба да бидат земени предвид“, нагласи Дескоска, на што професорката Гордана Силјановска истакна дека така треба да разговара една министерка.