Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш не потсетија на злосторничкиот менталитет кој го имаат

од Vladimir Zorba
223 прегледи

„Само да се потсетиме за што протестираше денес опозицијата, што оправдуваше! Очигледно кај нив нема ни “П” од правдата за која зборуваат“, сподели екс министерката за правда Рената Дескоска на својот Фејсбук профил, заедно со фотографии од „крвавиот четврток“.

„Денес уште еднаш потврдија дека не се мрднале ни милиметар од насилничкото однесување кое го практикуваа во текот на 11-те години власт. Денес уште еднаш не потсетија на злосторничкиот менталитет кој го имаат. Денес уште еднаш не потсетија дека тие се зло кое не смее да се повтори“, додава Дескоска.