
Десковска: Уставниот суд мора да си ја преземе улогата на заштитник на Уставот и на уставноста


Тоа ги порача министерката за правда Рената Дескоска на денешната работна сесија за „Реформите во Уставниот суд поврзани со Поглавјето 23“ на третата работна група од Националната конвенција за Европската унија во Република Македонија.
– За жал во Република Македонија дел од проблемите произлегуваат од недостатоците во уставната рамка за работењето на Уставниот суд, но мислам дека тоа не е клучниот недостаток. Исто така, особено значајно е покажувањето на личен интегритет од страна на оние кои седат во Уставниот суд, изјави Десковска.
Изрази очекување дека во процесот на реформи и желбата за воспоставување на систем на владеење на правото Уставниот суд ќе се однесува согласно стратешката определба на Република Македонија.
– Еден од клучните проблеми нотирани во дејствувањето на Уставниот суд е тоа дека често пати тој ја имаше маската на политички орган, наместо на неутрален орган што ќе го интересира единстевно заштитата на Уставот и на човековите права во сферата во којашто им е дадена како право. Оваа власт не врши никаков притисок врз Уставниот суд и очекувам тие да можат да работат слободно, секако тоа зависи од нивните лични професионални капацитети и интегритет, изјави Десковска.
За улогата на Уставниот суд на Република Македонија во судските реформи спроведени како дел од процесот на интеграцијата во Европската унија, во рамки на денешната четвртата сесија на третата работна група на НКЕУ-МК учествуваа повеќе експерти од земјата, меѓу кои директорката на Академијата на судии и обвинители Наташа Габер-Дамјановска и професорката по уставно право Гордана Силјановска и кандидатот за уставен судија на Република Словачка, Радослав Прохаска, кој го сподели своето искуство од овој процес и укажа на виталните преговарачки прашања од Поглавјето 23.
Текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини што ги објавува „lokalno.mk" се авторски.
Во ниту еден случај не е дозволено нивно бесплатно преземање без дозвола од редакцијата на Lokalno.
Доколку се добие дозвола, текстовите, фотографиите, видеоматеријалите и другите содржини дозволено е да се преземат со задолжително наведување на изворот и авторот со вметнување на директна интернет-врска (линк) до оригиналната содржина на „lokalno.mk".
При добивање на одобрување од редакцијата за превземање на текст, може да се превземе само дел од новинарско дело насловот, придружната фотографија (односно насловната фотографија) и воведниот дел на текстот, познат како „лид"
Преземање содржини од „lokalno.mk" надвор од овие услови не е дозволено и подложи на санкционирање согласно Законот за авторски и сродни права.