„Десната рака“ на Пекер во сабота ќе биде екстрадиран во С. Македонија

од Nikola Popovski
393 прегледи

Денеска турската полиција го уапси македонски државјанин Бобан Томовски, кој му бил десна рака на мафијашот Седат Пекер, објавија турските медиуми. Тој се очекува в сабота тој да биде екстрадиран во земјава.

„Конечно, лидерот на криминалната организација Бобан Томовски, познат по својата блискост со Седат Пекер, беше фатен на аеродромот Сабиха Гикчен. Томовски, кој наводно бил вмешан во шверц на дрога, бил приведен при обид да замине во Египет”, пишуваат турските медиуми повикувајќи се на полициски извори.

Според „Си-Ен-Ен Турк“, Бобан Томовски патувал транзитно преку Истанбул за Каиро. Турските медиуми посочуваат дека нема информации оти Томовски извршил кривични дела во Турција, но се тврди дека Пекер престојувал во неговиот дом кога пред извесно време бил во земјава.

Јавниот обвинител на Анкара минатата недела издаде налог за апсење на Пекер, за кој се верува дека се наоѓа во Обединетите Арапски Емирати. Пекер се товари за шверц на дрога.

Слични содржини