49
Германското Министерство за надворешни работи повторно ја оправда одлуката на Берлин да ја класифицира партијата Алтернатива за Германија (AfD) како крајно десничарска, откако одлуката беше остро критикувана од САД.
Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс ги обвини германските бирократи за обнова на „Берлинскиот ѕид“, додека американскиот државен секретар Марко Рубио ја нарече одлуката „тиранска“, пренесе Би-Би-Си.
Министерството директно му одговори на Рубио на X, пишувајќи: „Од нашата историја научивме дека десничарскиот екстремизам мора да биде запрен“.