Првиот човек на Дирекцијата на ТИРЗ, Јован Деспотовск денеска информираше дека првите шест месеци од годинава донесени се рекордни резултати во досегашното работење на технолошко индустриските развојни зони (ТИРЗ).
„Регистрираме рекордно полугодие во работењето на зоните во изминативе дваесет години, односно обем на економска активност од над една милијарда и 559 милиони евра извоз. Вкупниот обем на економската активност односно на извозот во рамки на зоните во првите шест месеци оваа година достигна 1,539 милијарди евра. Споредено со истиот период лани има 68 отсто пораст, 12,5 отсто во однос на истиот период 2019 година и 33,5 проценти пораст во однос на истиот период 2018 година. Овие бројки покажуваат дека економијата во рамки на технолошко индустриските развојни зони е на добар пат. Не зборуваме за закрепнување, туку за реален раст. Очекувам овие бројки да продолжат да растат и понатаму, рече Деспотовск.