Деспотовски: Бележиме тренд на пораст на бруто и нето просечната плата

од Andreja Salpe

Денеска на прес-конференција директорот на ДТИРЗ Јован Деспотовски ги презентираше економските движења во технолошко-индустриските развојни зони за 2020-та година. Тој вели дека во изминатата година имаме мал пад на просечниот број на вработени, односно процентот е намален за 1,5%. Исто така, истакна дека бележиме тренд на пораст на бруто и нето просечната плата од изминатите години, во рамки на индустриските зони на РСМ.

,,Вкупната добивка за 2019 година е шест милијарди денари, а вкупната добивка за 2020 година е четири милијарди денари, така што падот е некаде околу 40%” – вели Деспотовски

Исто така, Деспотовски истакна дека бројот на вработени во развојно индустриските зони за 2020-та година е незначително поголем, во однос на 2019.

Слични содржини