104
Екс-директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски ги демантира наводите дека бил приведен од страна на Финансиската полиција. Преку соопштение наведува дека таквите наводи се неточни и рече дека ќе ги заштити својата чест и углед.
Вели дека останува достапен и за институциите и медиумите.
„Мојата достапност и за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и ќе остане така и во иднина. Навистина очекувам медиумите да ја проверат точноста на информациите пред нивно објавување, со цел да избегнат понатамошно ширење на дезинформации“, вели Деспотовски.
Според информации од Управата за финансиска полиција, предмет е отворен против Деспотовски, бил повикан да даде исказ, но приведување не е спроведено.