Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР), Јован Деспотовски ги повика сите компании-кориснички на средства на Фондот кои изработуваат или нудат различни содржини кои можат да бидат корисни за конструктивно, квалитетно и креативно искористување на времето и прилагодување кон новонастанатите услови за живот под времено изменети околности да ги понудат бесплатно на сите граѓани.
– Ваквата постапка ќе биде крајно општествено одговорна и ќе даде поддршка за побрзо и поефикасно справување со коронавирусот, вели тој.
Истовремено Деспотовски информираше дека ФИТР интензивно работи и деновиве ќе излезе со нова иницијатива за поттикнување на креативниот потенцијал на граѓаните и развивање иновативни и креативни решенија за обезбедување на подобар квалитет на живот во вакви вонредни околности.