268
Во тек се разговори за 3 големи инвестиции во делот на енергетиката. За едната од нив, се очекуваат детали во текот на наредните неколку недели, обелодени денеска директорот на Дирекцијата за технолошко-индустриските развојни зони Јован Деспотовски.
– Станува збор за доста сериозни инвестиции, детали соопштуваме како и досега откако ќе имаме веќе одредено ниво на постигнат начин на договор со инвеститорите, меѓутоа очекувам за едната од нив, за која што се разговара веќе неколку години, детали и конкретен одговор да имаме веќе во наредните неколку недели – изјави Деспотовски.
Станува збор инвестиции кои, според Деспотовски, ќе имаат придонес кон стабилизација и зголемување на производството на енергија во земјава.