Деспотовски најави три нови странски инвестиции во Скопје, Штип и Кочани

од Берта Китинска
284 прегледи

Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски најави три странски инвестиции и тоа во зоните во Скопје, Штип и Кочани.

Владата веќе успешно ги има затворено разговорите со инвеститорите, во вредност од 54 милиони евра и отворање на нови 680 работни места, со проектирани вкупни приходи од 850 милиони евра на компаниите кои би ги оствариле во наредните 10 години и проценка на поврат од инвестицијата од 55 милиони евра од овие компании за државата.

-Една од овие инвестиции ќе биде во Штип, една во Скопје и една која е веќе лоцирана во Кичево и станува збор за проширување на капацитетот. За овие инвестиции разговорите се веќе завршени и усогласените договорите се веќе испратени во соодветните институции. Заедно со овие три нови странски инвестиции од почетокот на годината вкупно имаме 160 милиони евра нови странски инвестиции и над 2.500 нови работни места, рече Деспотовски.

Слични содржини