Деспотовски: Преставниците на Џон Малкович бараа убаво парче во центарот на Скопје за да се отвори филмско студио

од Nikola Popovski
249 прегледи

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски информира дека се сретнале со преставници на актерот Џон Малкович за изградба на филмскиот град, но лицата инсистираале прво да се реализира резиденцијална градба во центарот на Скопје.

-Во проектот имаше и резиденцијален дел што е нешто што насс не не интересира оти тој сегмент е развиен во нашата земја. Нам тоа ни беше сомнително оти не носи приход за државата. Едноставно, студијата не им беа приоритет. Тешко дека се исплатува некому да му се даде убаво парче во центарот на градот за да се отвори филмско студио кое би било патемен бизнис, рече Деспотовски во емисијата „Студио 10“.

Малкович пред една година најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во рамки на проектот „Технолошки Парк Скопје“ (ТХП), кој чекаше одобрување од Владата. Тој во изјава за МРТ појасни дека работи на создавање филмско, музичко и медиумско студио од холивудски калибар, со сертификат за еколошка градба во Скопје, што ќе биде прво студио од ваков тип на целиот Балкан.

Слични содржини