Деспотовски: Се бара начин како да се подобри системот за користење и следење на државната помош

од Берта Китинска
206 прегледи

Со Советот за странски инвеститори и со преставниците на компаниите е дискутирано како да се подобри системот за користење и следење на државната помош, подобрувањето треба да оди во неколку аспекти , вели директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

– Она што е важно од аспект на државата е тоа што детектиравме одредени области, елементи во делот на државната помош каде што постојат ризици. Ние сакаме низ овој процес што го иницираме денеска тие ризици да ги сведеме на минимум. Тоа подразбира одредени инвестици, односно трошоци за инвестиции посебно во делот на градбата и набавката на опремата да може да ги потврдиме дека се реално согласно пазарните услови и цени. Така ниту инвеститорите нема да бидат оштетени, меѓутоа нема да бидат оштетени и даночните обврзници во Република Северна Македонија, рече директорот Деспотовски.

Третиот сегмнет кој е многу важен, нагласи тој, е тоа како ќе се следат договорите за давање на државна помош, дали тоа следење ќе го прават државните институции, дали ќе го прават инвеститорите сами или ќе се договориме како што веќе инициравме да имаме меѓународна ревизорска куќа.

-Таа веќе е ангажирана од дирекцијата и која што ќе помогне со својата експертиза и искуство да имаме многу јасна слика за тоа колку инвеститорите реализирале трошоци, што од тоа е навистина согласно договорите што се потпишани за да може и инвеститорите и државата да биде на чисто да она што е потпишано и договорено се реализира согласно предвиденото, изјави Деспотовски.

Воедно, тој додаде дека во минатото инвеститорите во зоните соработувале со повеќе институци, и секоја институција си имала свој различен пристап.

-Понекогаш во рамките на една институција имал различен пристап, различно толкување и различни дефиниции. Има ситуација кога одредени трошоци им се признават и затоа им се исплаќа државна помош, во друга ситуација следната година тоа не е случај. Верувам дека тоа внесува не сигурност кај инвеститорите. Тоа беше една од реакциите со кој се соочив јас како директор, наведе Деспотовски.

Слични содржини