Деспотовски: Во соопштението на СДСМ против мене повикуваа на „антифашистички вредности“, а мојот дедо беше партизан кој што учествувал во борбите за ослободување на Скопје

-Наместо да отвориме политички фронт кон власта, ние си копаме ровови меѓу себе. Вака не обединуваме, додаде Деспотовски

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: Принтскрин/Јутјуб/Сител Тв

Се уште членот на СДСМ и поранешен функционер, Јован Деспотовски синоќа повторно порача дека неговата матична партија не се однесува на овој начин како што се однесува, туку „тоа е дело на поединци кои што се кријат позади големото име на СДСМ и нанесуваат штета и срам“. Демантира дека има соработка со владејачката партија, а за комуникација вели дека „имаме сите наназад 30 години“ – „мала е државата, исто како што комунициррам со моите сопартијци и другари“.

Вели дека во последните денови добил „голем број повици од другари и сопартијци кои го поддржале, но и кажале дека ова е срам што моментално се случува во СДСМ“.

За соопштението од СДСМ дека планираат да го исклучат од партијата, Деспотовски повторно рече дека „за првпат по 30 години бил без коментар и зборови“.

-Во соопштението стоеше некакви повикувања за „антифашистички вредности…“, а мојот дедо Јоле Деспотовски, по кого сум крстен, беше партизан кој што учествувал во борбите за ослободување на Скопје на Сремски фронт. Нема да дозволам некој моето име да го валка заради тоа што некој има ситна игра која што не може да се разбере. Нема да дозволам овој срам да ѝ се случува на мојата матична партија, кажа Деспотовски во „Тема на денот“.

Деспотовски истакна дека СДСM на ваков начин не може да се обедини и тоа поради внатрепартиските недоразбирања и потенцираше дека и после година ипол работите во партијата сѐ уште не се средени.

-Наместо да отвориме политички фронт кон власта, ние си копаме ровови меѓу себе. Вака не обединуваме, додаде поранешниот директор на ТИРЗ.

СДСМ пред три дена во соопштение го обвини Деспотовски дека е „петтоколонаш, предавник одвнатре кој сака да ја ослаби партијата преку медиумска кампања“.

„Целата акција е спроведена поради вртоглавиот пад на поддршката од граѓаните за коалицијата ВМРО-ЗНАМ, откако на виделина излегоа тајните планови за ‘мигранти за пари’, изолацијата на Македонија и криминалните активности што ги објави нашиот партиски АКТ.

Јован Деспотовски беше противкандидат на актуелниот претседател и загуби на внатрепартиските избори, а сега, од лични и финансиски интереси, ја урива партијата одвнатре, соработувајќи со сили што претставуваат современ еквивалент на фашистичките окупатори.

Имавме можност и во не така далечното минато да видиме дека некои членови ја напуштија идеологијата на СДСМ, ја формираа ЗНАМ и се приклучија кон предавничката влада на ВМРО, која е подготвена да ја продаде иднината на Македонија во проектот ‘мигранти за пари“, стоеше, меѓу другото, во партиското соопштение.