Зелениот стратешки инвеститиски фонд не е предизборно ветување што го претстави е реален процес. Ние веќе почнуваме да размислуваме на големо низ конкретни проекти со кои ќе покажеме дека тоа е можно, вели за Утрински брифинг Јован Деспотовски, директор на ТИРЗ.
-Наменет е за средни и големи компании сеедно дали се домашни или странски, оти ивестиција е инвестиција. Идејата е преку одреден модел на соработка каде државата преку својот дел преку пензиски и инвестициски фондови прават структура која ќе одлучува за инвестициите. Државата има малцински удел. Зелено подразбира објекти со нула емисии штетни гасови во согласност со европската Зелена агенда. Еден од проектите е инвестиција во фотоволтаични централи во рамките на зоните оти тоа го бараат инвеститорите. Но, наместо државата да даде 50 милиони евра кои веројатно би биле од задолжување, ќе даде само пет, а другото ќе биде од приватни инвеститори, додека заработката од продажбата на струја ќе се распределува според уделите, вели Деспотовски.