Детали од истрагата за застреланите македонски државјани: Убијците знаеле кога требало да го напуштат апратманот

од Stefanija Kuzmanovska

Македонските државјани кои беа застрелани во Халикиди биле сместени во ексклузивен апартман. Извори од истрагата за грчките медиуми велат дека имале резервација во Sunny Villas-Hanioti. Станува збор за скапо место со базени, спа, теретана, редовни журки и грчки специјалитети.

Според податоците на „Букинг“, една вечер престој чини 600 евра, или околу 3 илјади евра за пет ноќи.

Двајцата требало да се отчекираат денеска во 12 часот и убијците тоа го знаеле.

Според неофицијални информации со кои располагаат и надлежните органи во Македонија, извршителите на убиството биле со мотор и фантомки на глава. На местото, се пронајдени десетици чаури од истрелите. Лицата ја знаеле трасата на движење на Бајрами-Оки, но и на неговиот партнер Сеад Слезовиќ кој е тешко повреден и во животна опасност.

Двајцата бизнисмени биле активни во Македонија, во казино и фабрика за пијалоци. Детали за случајот сподели и МНР, но без да го открие идентитетот на починатиот и повредениот.

Слични содржини