Осум лица, меѓу кои и неродено дете, беа убиени во напад на храмот на Јеховините сведоци во Хамбург.
Напаѓачот, за кој се верува дека е поранешен член на оваа заедница, синоќа околу 21 часот упаднал во просториите на Јеховините сведоци и почнал да убива луѓе со огнено оружје.
Очевидци велат дека се слушнале најмалку четири рафали, во интервали од дваесетина секунди.
At least 30 people have been shot including 7 confirmed dead at a church in Hamburg, Germany. The incident began at 9pm local time. (6AM AEST)
The government issued an emergency alert to nearby residents: “In the danger area, stay where you are and do not go outside.” @6NewsAU pic.twitter.com/DjCt8nRfEa— Roman Mackinnon (@RomanMackinnon6) March 9, 2023
Полицијата утрово соопшти дека меѓу осумтемина загинати најверојатно е и напаѓачот.
„Меѓу жртвите има и неродено дете, најмалку осум лица се тешко повредени“, соопшти полицијата.
Германски „Шпигел“ пишува дека напаѓачот е поранешен член на Јеховините сведоци, маж на возраст меѓу 30 и 40 години.
Мотивот за нападот се уште не е познат, а форензичарите од утрово собираат докази на местото на злосторството.