Детали од подготовките за апсењето на кланот на Вељко Беливук

од Stefanija Kuzmanovska
310 прегледи

Подготовките за апсењето на кланот на Вељко Беливук и Марко Миjковиќ траеле со месеци во две оперативни акции, „Чешел“ и „Киднапер“.

Првата акција „Чешел“ е откако бандата малтретирала физер и барала да им плати рекет од 8.000 евра месечно. Кога тој одбил, наводно бил брутално претепан, а вилицата му била скршена на две места.

Претепаниот фризер некое време побегнал од Белград, но неговото семејство останало. Токму за нив следувале ужасни настани. На крајот, уценуваниот човек се спасил од смртта само со огромна среќа. Работниците виделе бомба под тркалото на неговиот автомобил и ја алармирале полицијата.

Вториот клучен момент беше исчезнувањето на Горан Величковиќ – Гокси, навивач на Партизан, кој војуваше со „Принципи“, навивачка група предводена од Беливук и Миjковиќ.

Имено, за време на сведочењето на неговата сопруга во Министерството за внатрешни работи, искусни инспектори сфатиле дека таа не ја зборува вистината.

Од нејзините изјави било јасно дека лаже. Сепак, тоа било јасен патоказ во кој правец треба да оди истрагата. Наскоро, полицијата дознала како да се пробие кодот и да се следи движењето телефон на Гокси.

Во тоа време, операцијата „Киднапер“ веќе била во тек, а била покрената непосредно по киднапирањето на Величковиќ.

Полицијата и БИА поставија камера и започнаа да го покриваат објектот во Ритопек регистриран на името на Драган. Така е составен целиот мозаик. Некое време се размислувало за упадот на специјалните единици во таа куќа, меѓутоа, на сите им било јасно дека внатре сè е полно со оружје и дека куќата е чувана, па затоа ќе биде тешко да се избегнат жртви. Затоа е донесена одлука прво да бидат уапсени Вељко, Касапот и нивните главни луѓе по што влегувањето во викендичката ќе е рутина.

Слични содржини