Детали од разговорот меѓу Си и Зеленски: Кина ќе испрати „специјален претставник“ во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
124 прегледи

Кинескиот лидер Си Џинпинг апелираше за почеток на преговорите меѓу Русија и Украина во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски, предупредувајќи дека „нема победник во нуклеарната војна“, објавија државните медиуми по долгоочекуваниот разговор, за време на кој кинескиот претседател нагласил дека сака да делува како мировен посредник.

Владата на Си ќе испрати „специјален претставник“ во Украина за да разговара за можното „политичко решение“, се вели во владиното соопштение кое го пренесе државната телевизија.

Кина се обиде да дејствува неутрално во војната, но одби да ја критикува инвазијата на Москва на Украина, пренесува АП.

Си и рускиот претседател Владимир Путин издадоа заедничка изјава пред инвазијата во февруари 2020 година, велејќи дека нивните влади имаат „пријателство без граници“.

„Преговорите се единствениот одржлив излез“, наведе државната телевизија во извештајот за коментарите на Си за Зеленски.

„Нема победници во нуклеарна војна. Сите засегнати страни треба да останат смирени и воздржани во справувањето со нуклеарното прашање и вистински да гледаат на иднината и судбината на себе и на човештвото како целина и да работат заедно на управување со кризата“, се вели во соопштението.

Слични содржини