ДЕТАЛИ ОД ШОКАНТНО ЗЛОСТОРСТВО: Ѝ ја скршил главата на сопругата со 39 удари со чекан, па ја прободел 13 пати со нож!

од Nikola Popovski

Судот во Сараево го потврдил обвинението на Обвинителството на кантонот Сараево против Сулејман Љубовиќ за убиството на неговата сопруга Суада.

– Обвинетиот се товари дека на 14 декември минатата година, во периодот од 10 до 10:55 часот, во семејната куќа на подрачјето на Општина Центар, по кратка вербална расправија со неговата сопруга С.В., со кого живеел во заедничко домаќинство, и го одзел животот, при што зел чекан долг 28,5 сантиметри и ѝ нанел 39 (триесет и девет) рани на главата, а потоа ѝ нанел 13 (тринаесет) убодни рани со нож со сечило 12,5 сантиметри долго, по што како резултат на тоа настапила насилна смрт – соопштило Обвинителството на кантонот Сараево.

Заедно со обвинението, вршителот на должноста обвинител му предложил на судот да ја продолжи мерката притвор против обвинетиот Љубовиќ.

loading...

Слични содржини